Се согласувам со Милан и затоа доби +1 од мене, пријателски мора да се закажауваат особено во сениорска конкуренција каде клубовите имаат големи трошоци поради големите плати на своите репрезентативци и затоа треба да им се врати на некој начин преку зголемена продажба на дресови. Се надевам дека во иднина ќе биде вистинска реткост да промашиме некој термин за пријателска, особено кај сениорите.
А има и друг проблем кај тебе и грешка која ја правиш очигледно ненамерно од незнаење затоа што ја правиш премногу често. Ти пишувам на форумот а не преку ББ порака за да научат и следните селектори. Сите играчи кои ќе бидат во поставата за даден натпревар(без разлика дали ќе играат или не) му носат зголемена продажба на дресови на својот клуб, затоа секогаш ама баш секогаш селектирирај 12 играчи за секој натпревар и онака оние што ќе ги ставиш како трета постава имаат многу мали шанси да играат па не губиш ништо резултатски а му правиш услуга на тимот на играчот како вид на една награда што го тренирал и го одржува во добра форма. Барем кај сениорите имаме голема конкуренција и лесно е да се одберат ТОП 12 играчи за секој меч. Ти претерано често селектираш само 11 играчи за секој натпревар и ова е нешто кое ќе треба да го поправиш.
Инаку имаш целосна подршка од мене и се надевам на повеќе среќа и подобри резултати следната сезона.