Селекторот го викна во репрезентација овој сега што го пикнав, мада најверојатно ни он, како и мене не е задоволен од играчот :)
http://www.buzzerbeater.com/player/34042157/overview.aspx
Верувај дека се викнати сите играчи што имаат и најмали шанси да играат за репрезентација. Во некои лиги каде има повеќе активни менаџери се случува да за некои играчи што се повикани меѓу првите да се изгуби информацијата во новостите за вашата лига па многу менаџери имаат погрешно мислење и ми се лутат за глупости сметајќи дека нивниот играч не бил повикан а биле повикани послаби. Тоа не е точно, сите се повикани, одев пешки од лига во лига, ама во новостите вие ги гледате само последните 10 новости па за тие играчи што биле повикани меѓу првите веста дека бил повикан тој играч е изгубена и поклопена од поновите вести.
А ваквите играчи кои што се нови од последните драфтови се повикуваат само да се провераат нивните скилови, прерано е да останат и да играат за репрезентација, без 2 сезони добар тренинг младински репрезетативец не бидува, па затоа ќе се организираме деновиве да бидете контактирани сите што имате потенцијални репрезентативци.
Инаку ако не си задоволен од твојот драфт имаме избрано 12 најголеми потенцијали од последниот драфт, баш затоа и е отворена оваа тема па ако сакаш и имаш пари можеш да купиш некого.