eve eden mal kuriozitet na denesniot mec so slovencite Shishovski uspeal za samo 7 minuti da dade 7 poeni i da napravi 6 lichni greshki :D:D:D maliot ima temperament
Толку натпревари имам изиграно ама толку брзо некој играч да направи 6 лични не сум видел досега. Една од причините поради која дојде до ова покрај очигледниот темперамент на самиот играч е што Словенците имаат за 3 класи подобри центри од нашите во У21 моментално и со фокус внатрешен напад нивната доминација под обрачите стана уште поизразена.  Жално е што репрезентации кои се послабо рангирани од нас имаат за неколку класи подобри генерации од нашата а како што кажав и пред некое време на У21 темата имаме голема криза на центарските позиции која за прв пат се појави минатата сезона а оваа сезона тоа е уште поочигледно. Причината за ова е што поголемиот број квалитетни МКД менаџери кои тренираат деца се свртеа кон тренирање бекови и крила па останавте само ти, Панац и Милан асални менаџери кои тренирате центри што е далеку од доволно.
Јас ќе пробам најбрзо што можам барем во утопија да се пребацам на тренирање високи играчи ама потребни ни се повеќе менаџери за да одржуваме репрезентации па еве би ги замолил сите кои не тренираат ништо моментално или тренираат високи играчи а имаа уште слободни тренинг места нека се пријават на оваа тема 
(210462.112) или нека ми пишат порака (или на Xsago).
Исто така имам впечаток дека во последно време некако повеќе ниски МКД таленти излегуваат од драфтот отколку високи па може и тоа придонесува за оваа криза макар што за У21 доволно е и 5-6 потенцијал па не би требало тоа да биде проблем. 
Last edited by Dadimo at 11/4/2014 10:02:07 AM