Инаку ќе направам малку поопширна листа од деца 18-20 години со 9-10 потенцијал и ќе ја постирам овде за да ја имаме. За У21 не, ама за сениорска репрезентација ако е со 9 или 10 потенцијал играчот може и на 20-21 година да се почне со тренингот, ама тогаш нема право на грешки и паузи туку мора постојано до 26-27-28 години да биде квалитетно трениран.
И порано сум го кажал ова, сега пак, не се согласувам со ова твое размислување. Играчите треба да почнат да се тренираат на 18-19 години, да имавме недостаток на деца за тренирање а вишок на менаџери кои сакаат да тренираат ќе се согласев со тебе ама за жал кај нас е обратно, имаме далеку повеќе деца за тренирање од менаџери кои сакаат да тренираат деца. И додека ти сакаш да ги заробуваш добрите менаџери кои знаат да тренираат деца со пропаднати таленти ние немаме кој да ни ги тренира тие новите што излегуваат од драфтот. Се знае како се работи, излегуваат играчите од драфтот и веднаш се тренираат, ако некој не нашол дете за тренирање може да земе некое постаро дете само привремено да го тренира до следниот драфт кога ќе го замени со ново дете од последниот драфт. Исто не се согласувам ни со тоа да правиш поопширна листа, тоа се работеше во минатато од стариот скаутинг тим и не даваше резултати. Наместо да се замараме со 50 деца и од тие 50 само 5 да се тренираат како што треба (и тоа за жал баш тие со најслаб потенцијал) идејата на мојата акција е да се фокусираме баш на овие најбитните со најголем потенцијал. Веќе имаме 12 такви оваа сезона, секоја нова сезона по 10-12 вакви со 9+ потенцијал свесен ли си што ова значи за иднината на нашите репрезентации. Батали ги тие пропаднатите на 20-21 година дај да ги решиме овие новите, овие се битни, а кога ќе ги решиме овие може да избереме уште десетина од последниот драфт со послаб потенцијал. Започнуваме нова ера и нема повеќе да се замараме со пропаднати таленти кога имаме свежа крв за која треба добро да се погрижиме.
Last edited by Dadimo at 7/12/2014 5:37:25 AM