Темава не ја отворив за вакви глупости и сомнителни трансфери!
Го кажав ова еднаш пред неколку сезони и за последен ќе го повторам. Бидеќи во тоа време му помагав на Емил(Тошебог) многу добро ја знам ситуацијата, Емил е во заблуда(или намерно глуми лудило) и тоа што го збори нема врска со реалноста.
Да, он продаде 18-годишен центар со 10-ка потенцијал за околу 1М, мислам дека го купи тим од Србија ама тоа сега не е важно, важно е тоа што тој трансфер беше чист и не е причина за банирањето. Вистинската причина поради која е баниран тимот(барем јас така претпоставувам бидеќи не сум ГМ) е друг трансфер во скоро исто време во кој тој продаде еден смешен играч од 25-26 години со 3-4К плата за неверојатни 500К, кога видов дека таков смешен играч на Емил има понуда од 500К веднаш му пишав и му реков дека трансферот не е реален да биде внимателен и за секој случај сам да се пријави да му го поништат трансферот а тој да се спаси од банирање. За жал Емил не ме послуша и го банираа, најверојатно го фатиле затоа што тимот кој го купи беше наш и сигурно направен од Емил со иста ИП адреса како и тимот што го му банираа. Во тоа време Емил си направи и трет тим(незнам точно од која локација) и ми пиша порака преставувајќи се дека е братучед на Емил (ама јас не наседнав на лагата) и разменивме неколку пораки во кои “Братучед му на Емил“ ми збореше како демек живеле во иста куќа повеќе фамилии, тимовите ги направиле од иста куќа и кога му реков на “братучед му на Емил“ зошто правите трансфери меѓу себе кога не се дозволени трансфери меѓу два тима од иста ИП адреса он ми кажа смешни муабети демек не си ги знаеле меѓу себе имињата на тимовите што ги имаат.
Ако Емил(Тошебог) сака да има било каква соработка со мене во иднина мора да ги прифати следниве услови:
1. Да сфати конечно дека е баниран заради трансфер од 500К за смешен играч со 3-4К плата на 25-26 години.
2. Да сфати конечно дека јас не го пријавив и единствента моја улога во тоа време беше пријателска и советите што му ги давав беа да го предупредам и да му кажам како да се спаси од потенцијално банирање. Ако сакав да го банираат немаше да се замарам со него и да му пишувам пораки туку едноставно ќе го пријавев и ќе си ќутев
3.Да престане повеќе да не замара со овој настан затоа што со неговото банирање тоа време беше задоволен Фер-Плејот во играва и дај боже да ги банираат сите што прават такви нечесни трансфери.
П.С. Поради вакви глупости на Емил му е затворена засекогаш вратата во стариот скаутинг тим, одлучив јас да покажам повеќе разбирање и да му дадам шанса во мојот стручен штаб најмногу заради одличниот тренинг на доскорешниот У21 бек Васе Златков ама ако продолжи вака Емил ќе бидам принуден и јас да прекинам било каква соработка со него.
Last edited by Dadimo at 7/11/2014 5:00:06 PM