Ја отворам сезонската тема како блог кој ќе содржи повремени статистики, а секако ќе ми биде и споменар на лични ББ фрустрации. За почеток една оптимистичка вест:
- Откако Hip Hop Macedonia не успеа да ме совлада со над 100 разлика, со гордост соопштувам дека во првото коло на BBM турнирот тоа не му успеа ни на ерменскиот тим KOTAYK. Игравме во Израел во арената со име „Killers“ (how convenient). Претходно мизерно потфрли и шампионот KK Struja95 кој не ја ни помириса стотката (патем, честитки до Struja за првата победа во B3 турнирот). Така што резултатите од овие три натревари ме инспирираа да зацртам една многу сериозна цел за оваа сезона: Никој да не ме победи над 100 разлика! Оптимист сум дека ќе ја остварам - затоа и веста е оптимистичка.Што има на програмата деновиве?
- денес-утре ќе ја постирам заработувачката од влезници во второто коло
- исто денес-утре одиме и со вкупните Оценки на екипата (Team ratings)
- во петок првите проценти на раст или опаѓање на DMI (Индекс) на играчите во Елита и давање проценка колку е далеку секој играч од идеалната форма.
П.С. Лично се обидов деновиве привремено да пополнам некоја позиција со нов играч и го имав овој на ум:
(54019007). Не го купив, јер он Nefer а јас ептен фер.