Превод на страницата Промени го редоследот на драфтот:
............................................................................................................
Добредојдовте на страницата за подредување на драфтот! Овде треба да одлучите по кој редослед вашите соработници ќе ги избираат новите таленти од драфот за следната сезона.
Информациите кои ви се достапни за секој играч зависат од тоа колку пати тој играч бил скаутиран. Ова функцинира на следниот начин:
Нескаутиран: Вашите скаути поднесуваат груба процена на вештините и потенцијалот на играчот и тоа врз основа на „чаршиските муабети“. Очекувајте дека оваа евалуација ќе биде прилично непрецизна.
Скаутиран еднаш: Вашите скаути лично посетиле еден натпревар на кој играл играчот и ја имаат неговата статистиката од тој натпревар. Сега тие се во можност да дадат попрецизна проценка на неговите вештини. Скаутирањето на еден играч чини 1 поен за скаутирање.
Интервјуиран: Скаутите го поканиле играчот да тренира во кампот на вашиот тим. Покрај првичните информаци коишто сте ги дознале од иницијалното скаутирање, сега многу подобро ќе ги запознаете вештините на овој играч (рејтинг на оценка), а веќе ќе можете да го процените и неговиот потенцијал. Воедно, вие ќе ја откриете висината на играчот, како и тоа дали е 18 или 19 годишен. За интервју на еден играч треба да искористите дополнителни 2 поени за скаутирање.
Дополнително, после All-Star паузата ќе ви бидат достапни уште две опции. Секоја од нив чини по 10 поени за скаутирање. Тие се:
Комбинирано скаутирање: Сите играчи од драфтот доаѓаат на групниот камп каде што се вршат мерења. Можете да ги исратите вашите скаути во овој камп и ќе ја дознаете висината и возраста на сите 48 играчи.
Групна Демонстрација: Сите играчи за коишто вашите скаути дале процена од 1 или 2 топки ќе бидат поканети на групна демонстрација на нивните вештини и таму ќе можете да издвоите некој од нив. Оваа опција е исто како сите овие играчи да сте ги скаутирале еднаш, но нема да ви донесе дополнителни информации за играчите коишто претходно сте ги скаутирале.
Поставете го редоследот по кој сакате да ги драфтувате овие играчи со влечење на играчите нагоре или надоле во листата. Тогаш кога ќе бидете задоволни од распоредот, притиснете на копчето
Потврди го редоследот кое се наоѓа под листата. Морате да притиснете на ова копче за да се потврди листата и за да може по неа да се спроведе драфтот кој ќе се одржи во следната меѓусезона. Притискањето на копчето скаутирај или интервјуирај исто така ќе го испрати моменталнот распоред на драфтот.
............................................................................................................
Јазичните администратори нека го прегледаат и доколку го одобруваат нека го објават.
P.S. Не сум најсигурен за преводот на насловот „Комбинирано скаутирање“. Србите употребиле термин „Групен капм“, а Бугарите и Хрватите решија да го користат насловот „Комбинирано скаутирање“. Англиската официјална верзија е Scouting Combine. Всушност целиот процес се однесува на овој дел од професионалниот спорт:
http://en.wikipedia.org/wiki/Scouting_combine. Во принцип се работи за групно скаутирање (голема група млади спортисти), пришто се вршат мерења во разни дисциплини - спринтови, сила, висина, тежина, ментални тестови, допинг контроли и слично, т.е комбинирано скаутирање. Така што оставам на јазичните администратори да решат кој термин е посоодветен. Или да вовдат нов.
Last edited by Onisifor at 8/24/2010 7:06:02 AM