BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > NT Makedonija

NT Makedonija

Set priority
Show messages by
From: Dadimo

This Post:
00
149762.463 in reply to 149762.461
Date: 7/29/2014 9:04:03 AM
Overall Posts Rated:
5555

1.Види јас баш сум тој кој е голем застапник на скок шут во однос на шут од далечина, ама колку и да постигне скок шут мора на крајот, а додавање претходно.
2.Додавањето со оглед дека е бек шутер нема да му пречи неѓто особено на потенцијалот, а скок шутот многу ќе пречи.
3.А за тоа што сите што си ги видел се исти, не значи дека тоа е единствен рецепт за успех.

1. Неможе скок шут на крајот затоа што двопозициските тренинзи се многу спори на стари години, знам од лично искуство додека го тренирав Арнаудовски на стари години, со еднопозициските тренинзи попристојно напредуваат и кога се постари. Ако не му се среди скок шутот на помлади години после може ќе биде прекасно а плус додавањето е веќе ОК и негледам ама баш никаква причина да се жртвува скок шутот заради додавањето кое може и подоцна да се тренира. Ако веќе се декларираш како менаџер кој преферира скок шут пред надворешен шут тогаш незнам зошто ја комплицираш дискусијава. Без 17-ка на надворешна одбрана и 17-ка скок шут не би требало да се тренира додавање.
2. И јас го гледам играчот како иден бек шутер поради 16-ката на надворешен шут ама ако погледнеш поубаво ќе видиш дека препорачаната позиција му е плеј па се додека е така додавањето највеќе ќе му го троши потенцијалот http://prntscr.com/47gre4
Сепак е МВП а не 10+ потенцијал и немаш доволно потенцијал да направиш надворешен играч кој во исто време ќе има висок надворешен шут и високо додавање, нормално при тоа да има и висока одбрана и скок шут како најважни вештини. Бидеќи веќе има висока 16-ка надворешен шут додавањето мора да се дозира(или воопшто да не се тренира или да се остави тој тренинг на крајот).
3. И јас реков дека немора да значи дека тоа е најисправно и единствен рецепт ама штом е општо прифатено од сите квалитетни менаџери во светот има добри причини зошто е така. Многу опасно е да непроверени сценарија им ги даваш како тренинг совети на нашите менаџери. На глобалниот форум можеш да се сретнеш и конкретни бројки кои велат дека најоптимално истрениран играч е оној со 3 нивоа повисок скок шут од надворешен шут.
А не реков дека сите се исти на ТЛ, имаше и бек репрезентативец на Шкотска со 17-ка надворешен шут и 15-ка скок шут, ај погоди колку добро играше тој играч?


Last edited by Dadimo at 7/29/2014 9:14:26 AM

Message deleted
From: Xsago

This Post:
00
149762.465 in reply to 149762.463
Date: 7/31/2014 4:19:02 AM
Overall Posts Rated:
128128
Вака сега, за некои работи не се разбираме:

1. Моментално е класифициран како плејмејкер, но со само еден напредок на скок шут ќе биде класифициран како бек шутер. 1-2 напредоци на надворешна одбрана исто ќе го претворат во бек шутер.
2. Апсолутно не се согласувам со ова:
негледам ама баш никаква причина да се жртвува скок шутот заради додавањето кое може и подоцна да се тренира
и со ова
Сепак е МВП а не 10+ потенцијал и немаш доволно потенцијал да направиш надворешен играч кој во исто време ќе има висок надворешен шут и високо додавање, нормално при тоа да има и висока одбрана и скок шут како најважни вештини

Тоа што ти не ме разбираш е дека додавањето скоро воопшто не му пречи на потенцијалот на бек шутер. И затоа не е точно дека не може сите работи кога едното скоро воопшто не пречи. Бреслиев ќе биде плејмејкер смао уште многу кратко. Во ниту еден момент не реков да тренира додавање пред недворешна одбрана. А надворешната одбрана ќе го направи бек шутер.
3.
Ако веќе се декларираш како менаџер кој преферира скок шут пред надворешен шут тогаш незнам зошто ја комплицираш дискусијава

Јас не сфаќам во кој пост сум напишал дека не сакам скок шут. Напишав да се тренира до колку што ќе оди до толку. А 3 плус на скок шут од надворешен шут и јас сакам, ама тоа е невозможно во случајот со оглед дека Бреслиев ќе има најмалку 17ка на надворешен шут на крајот. Не заборавај дека со тренинг скок шут ќе тренира по малку и надворешен шут. Надежта е дека до 18ка ќе стигне скок шутот.
4. Не им давам никакви непроверени сценарија. Вистината е дека надворешниот шут е скоро бескорисен во внатрешни напади, а супер корисен во надворешни. Заради доминацијата на внатрешниот напад во последните сезони, ти делува дека лошо играат тие играчи.

И најјакото од се е што зборувам за 1-2 напредоци на додавање. Тоа се колку, 3-5 недели тренинг. Во ниту еден момент не реков да се оди преку 15ка со додавање.

На крај и краишта џабе зборуваме ако не го тренира новиот газда. Се надевам дека Ангел конечно ќе истренира еден репрезентативец како што треба...

From: ^ToNiO^

This Post:
00
149762.466 in reply to 149762.465
Date: 7/31/2014 9:12:02 AM
Overall Posts Rated:
66
Убаво е што има дискусија на форумов ама реално за играчот за кој што зборите веројатноста дека ќе достигне стадиум Сениорски репезентативеце е 2%(да не речам дека 99% нема да биде), Напредок на надворешна одбрана до 18 на таа возраст ќе му потроши полни две сезони тренигн во идеални услови плус потребата од Скок шут, Подавање и техника , така да со тренирање и на 27 и 28 години може ќе дојде во ситуација да биде резерва кога ќе има лоши форми другите игрчи. Само го наведовте Ангел да го купи па после ќе биде љутење зошто играчот не му е повикан а од како ќе се повика зошто неигра.

From: ^ToNiO^

This Post:
00
149762.467 in reply to 149762.463
Date: 7/31/2014 9:13:43 AM
Overall Posts Rated:
66
(http://prntscr.com/47gre4)

Не ми изгледа позната, Која е оваа алатка ?

From: Dadimo

This Post:
00
149762.468 in reply to 149762.467
Date: 7/31/2014 11:24:55 AM
Overall Posts Rated:
5555
И порано сум ви ја дал на форумот ама еве ја пак:
http://bbtools.x10.mx/potencjal/
Незнам дали е 100% точна ама верувам дека е прилично точна :)

From: Dadimo

This Post:
00
149762.469 in reply to 149762.466
Date: 7/31/2014 11:54:58 AM
Overall Posts Rated:
5555
Да, убаво е да има дискусија особено ако во дискусијата се вклучат повеќе луѓе ама кога грешиш и не си во право треба да си го признаеш тоа. За жал во случајот на Xsago тоа е невозможна мисија, дури и тогаш кога целосно греши и ви дава погрешни тренинг совети тој не го напушта неговиот мит дека се знае и секогаш е во право. И јас го делам твоето мислење дека времето за да се доведе играчов до репрезентативец е многу кратко и критично и баш затоа сугерирав прво да се средат најважните вештини кои му фалат а тоа се надворешна одбрана и скок шут, ама оди на Xsago докажи му. Во старт фати погрешна теза и сега упорно брани нешто што не се брани и е комплетно контрадикторен во неговата лудорија. Ем се согласува дека играчот е иден бек ем вика прво да се тренира додавање пред скок шут иако веќе има 13-ка на додавање што е и повеќе од доволно за бек шутер, а од друга страна за еден бек да биде конкуретен за сениорска репрезентација му треба минимум 18-19 скок шут за што овој играч е многу далеку што само по себе јасно покажува каде треба да биде тренинг фокусот.
Ги вади од контекст моите зборови па вели дека за играчов било невозможно да имал 3 нивоа повисок скок шут од надворешен шут. А каде реков јас такво нешто?! Тоа го реков генерално што се предлага на глобалниот форумот а конкретно за играчов уште во мојот прв пост реков дека треба минимум 17-ка на скок шут. Па уште и ме потсетува дека со тренирање на скок шут се тренирало и надворешен шут, па за тоа драг Xsago ти самиот треба да се потсетиш не мене да потсетуваш бидеќи токму тој факт дополнително ја отежнува нашата мисија да играчов има повисок скок шут од надворешен шут и затоа не треба да се губи време за додавање. Запнал Xsago за тоа додавање како да правиме муабет за иден плејмејкер или недај боже играчов има 7-ка додавање. Кога реков непроверено сценарио се мислеше на глупоста кога рече дека имал надворешен шут па не му требало скок шут. Надворешен шут никако неможе да замени недостаток на скок шут но скок шут помага и при надворешен шут и при внатрешен шут, затоа е најважен и затоа треба да биде повисок од надворешниот шут ако сакаме правилно трениран играч. И нека не се залажува Xsago дека на стари години ќе му надомести ваков сериозен недостаток на скок шут бидеќи на тие години двопозициските тренинзи се многу поспори, да не се повторувам.

Last edited by Dadimo at 7/31/2014 12:08:38 PM

From: Xsago

This Post:
00
149762.470 in reply to 149762.467
Date: 8/2/2014 7:56:20 AM
Overall Posts Rated:
128128
(http://prntscr.com/47gre4)

Не ми изгледа позната, Која е оваа алатка ?


Јас се служам со ова, не знам можеби алатката е базирана врз истото:

http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thr...
Попрецизно обајснување од ова не постои. Кој го интересира за потенцијалот, ова е најважно за читање.

Last edited by Xsago at 8/2/2014 7:58:43 AM

From: Xsago

This Post:
00
149762.471 in reply to 149762.469
Date: 8/2/2014 8:27:43 AM
Overall Posts Rated:
128128
Никогаш не сум расположен за кавга, ама сега ме натера, оти се изнапиша еден куп лаги овде. И овде ја запирам дискусијата од моја страна штом не сакаш да дискутираш со факти туку со навреди.

1. Цитирај каде сум напишал дека прво треба додавање? Прво треба 2 сезони Надворешна одбрана. 100 пати го напишав тоа.

2. Огромна лага е дека на бек шутер не му треба додавање. Колку поголемо е додавањето толку подобро. Разликите меѓу плејмејкерите и бековите шутери во начинот на функционирање на самата игра се минимални. Големи се во разликите на платите заради што тие и потенцијалот целосно се рководат во однос на предложената позиција (која зависи од скиловите) и за која ти толку многу се зафаќаш. Чисто информативно, во моментов во репрезентацијата има само еден играч со 13 додавање. Само еден. Сите други имаат повеќе.

3. Цитирај каде сум напишал дека н треба да тренира скок шут.

4. За да биде еден играч квалитетен и репрезентативец, треба да има најдобра можна комбинација на сите скилови. Нема врска тоа ни со скок шут, ни со надвоешен шут, ни со додавање ни со ништо друго. Треба најдобра можна комбинација од СЕ!!! Нормално во склоп на потенцијалот.

5. Не ги лажи луѓето дека ваков или онаков скил само требал за некоја позиција. Се треба за секоја позиција, само некои се поважни, а некои поневажни. И затоа јас велам неколку недели додавање пред скок шут, бидејќи скок шут пред додавање, ќе спречи иден тренинг на додавање, а додавање пред скок шут нема да спречи таков напредок. Просто е. Разликата во натпреварите ја прават помалку важните примарни и секундарните вештини. Сите посериозни тимови или репрезентации имаат играчи со горе долу ИСТИ примарни вештини.

Јас Дадимо ништо не извадив од контекст туку само изнесов ставови врз база на пресметки според формулите на Јозеф Ка, кои се максимум до кои стигнала ББ заедницата (колку што знам, ако има подобри и понови би бил благодарен некој да ги постова). Ти си тој што ги вади моите ставови од контекст и почнуваш да раскажуваш приказни дека сум барал додавање пред надворешна одбрана, дека не требало да тренира скок шут и сл. Кај го реков тоа?

И најважно од се, играчот сега е на Ангел, негова работа е како ќе тренира. Ако го истренира за да биде доволно добар за НТ ќе игра ако така смета тогашниот селектор. Јас тоа што го напишав е мој совет. Негова работа е што ќе прави. Ако сака може да тренира и надворешен шут и којзнае, можеби пак да го направи репрезентативец во одредени ситуации. Не постои само еден тип на играчи кои успеваат и се корисни во ББ. Со се може да се успее ако се знае да се искористи правилно (нормално сме намале горе долу никој од нас екипи склони за надворешен напад и затоа го потценуваме надворешниот шут). Тие формули кои ги смислувале кога ја правеле играта не се случајни. Ако го постигнеш потенцијалот секако ќе имаш каков таков баланс во јачината. Разликата е дали играчот ќе ти биде прилагодлив на повеќе ситуации или не и в какви тактики ќе можеш да го користиш. Ама со измените во платата од пред некоја сезона, тоа ќе се промени.

П.С. Апсолутно не мислам дека знам се, далеку далеку од тоа. Никој не знае се. Ти си тој што веќе долго време се обидува да ме етикетира на тој начин, иако не знам зошто. Јас само можам да кажам, повеќе резултати, помалку празни зборови се бараат од сите.

Last edited by Xsago at 8/2/2014 8:28:56 AM

From: Dadimo

This Post:
00
149762.472 in reply to 149762.471
Date: 8/2/2014 8:48:32 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ниту се карам, ниту лажам, ниту те навредувам, само ги поправам погрешните тренинг совети кои ги даваш.
Толку од мене...

From: Dadimo

This Post:
00
149762.473 in reply to 149762.471
Date: 8/2/2014 9:12:32 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ај нека биде ова мој последен обид да се разбереме.

1. Цитирај каде сум напишал дека прво треба додавање? Прво треба 2 сезони Надворешна одбрана. 100 пати го напишав тоа.
2. Огромна лага е дека на бек шутер не му треба додавање.
3. Цитирај каде сум напишал дека н треба да тренира скок шут.
4. За да биде еден играч квалитетен и репрезентативец, треба да има најдобра можна комбинација на сите скилови.
5. Не ги лажи луѓето дека ваков или онаков скил само требал за некоја позиција.
П.С. Апсолутно не мислам дека знам се, далеку далеку од тоа. Никој не знае се. Ти си тој што веќе долго време се обидува да ме етикетира на тој начин, иако не знам зошто.


1.Уште еден пример каде ми ги вадиш зборовите од контекст. Рече додавање пред скок шут, за тоа реагирам.
2.Реков ли такво нешто? Реков дека 13-ка е доволно. Веќе и плејмејкерите ги тренираат со 15-ка додавање ама не ги пратиш трендовите очигледно.
3.И уште еден пример каде ми ги вадиш зборовите од контекст. Рече да се остави скок шут на крајот па колку стигне толку, на тоа јас реагирам. Ова е неприфатливо, за бек шутер најважен скил е скок шутот и е многу погрешно од твоја страна така да советуваш поради реалниот ризик скок шутот да не го достигне потребното ниво.
4. Не е на одмет некој плус на додавање ама тоа е споредно кога имаш огромен минус на надворешна одбрана и скок шут. Не ги идеализирај работите, туку биди реален и рационален, за овој играч може да нема доволно време и потенцијал за да биде идеален и затоа прво треба да се средат најважните 2 вештини: одбрана и скок шут.
5. ? Без Коментар
П.С. Таман ќе помислев дека неоправдано те етикирам така ти со оваа дискусија покажа дека сум бил во право. Како никогаш до сега не си во право за ова што го збориш и жестоко ги браниш твоите погрешни ставови, е затоа сум те етикирал така. Јас барем во 5 дискусии сум признал јавно: Да Xsago во право си, Да Бобанс во право си,...

Last edited by Dadimo at 8/2/2014 9:15:32 AM

Advertisement