1.Види јас баш сум тој кој е голем застапник на скок шут во однос на шут од далечина, ама колку и да постигне скок шут мора на крајот, а додавање претходно.
2.Додавањето со оглед дека е бек шутер нема да му пречи неѓто особено на потенцијалот, а скок шутот многу ќе пречи.
3.А за тоа што сите што си ги видел се исти, не значи дека тоа е единствен рецепт за успех.
1. Неможе скок шут на крајот затоа што двопозициските тренинзи се многу спори на стари години, знам од лично искуство додека го тренирав Арнаудовски на стари години, со еднопозициските тренинзи попристојно напредуваат и кога се постари. Ако не му се среди скок шутот на помлади години после може ќе биде прекасно а плус додавањето е веќе ОК и негледам ама баш никаква причина да се жртвува скок шутот заради додавањето кое може и подоцна да се тренира. Ако веќе се декларираш како менаџер кој преферира скок шут пред надворешен шут тогаш незнам зошто ја комплицираш дискусијава. Без 17-ка на надворешна одбрана и 17-ка скок шут не би требало да се тренира додавање.
2. И јас го гледам играчот како иден бек шутер поради 16-ката на надворешен шут ама ако погледнеш поубаво ќе видиш дека препорачаната позиција му е плеј па се додека е така додавањето највеќе ќе му го троши потенцијалот
http://prntscr.com/47gre4Сепак е МВП а не 10+ потенцијал и немаш доволно потенцијал да направиш надворешен играч кој во исто време ќе има висок надворешен шут и високо додавање, нормално при тоа да има и висока одбрана и скок шут како најважни вештини. Бидеќи веќе има висока 16-ка надворешен шут додавањето мора да се дозира(или воопшто да не се тренира или да се остави тој тренинг на крајот).
3. И јас реков дека немора да значи дека тоа е најисправно и единствен рецепт ама штом е општо прифатено од сите квалитетни менаџери во светот има добри причини зошто е така. Многу опасно е да непроверени сценарија им ги даваш како тренинг совети на нашите менаџери. На глобалниот форум можеш да се сретнеш и конкретни бројки кои велат дека најоптимално истрениран играч е оној со 3 нивоа повисок скок шут од надворешен шут.
А не реков дека сите се исти на ТЛ, имаше и бек репрезентативец на Шкотска со 17-ка надворешен шут и 15-ка скок шут, ај погоди колку добро играше тој играч?
Last edited by Dadimo at 7/29/2014 9:14:26 AM