BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Сезона 24

Сезона 24

Set priority
Show messages by
From: Xsago

This Post:
00
243326.43 in reply to 243326.42
Date: 6/25/2013 4:39:00 AM
Overall Posts Rated:
128128
Како направи сега и ти дадимо како бобанс и јас да сме немале такви играчи. Титулите од небо ни паѓаа? И ние сме имале такви играчи и мислиме дека имале перформанси во склоп на нивните вештини.

Во неколку клучни работи се разликува моето мислење во однос на вашето во ова:

1. Не се оценува дали играчот игра во сооднос со вештините според еден натпревар. Со текот на времето, резултатите статистички се израмнуваат и имаат смисла. Еден натпревар не ми вреди ништо. Покажи дека цела сезона некој ваков играч против иста таква конкуренција имал катастрофален шут па ќе правиме муабет.

2. Вештините не се пресликуваат директно во некој настан на теренот. Еден шут за тројка има еден куп фактори вкалкулирани во него, а не само скок шутот и шутот од далечина на играчот кој ја шутира тројката. Кои други фактори влијаат? На пример:
- типот на акција која води до шутот за тројка (избраната тактика)
- квалитетот на другите играчи во тимот (додавање, фокус на противничката одбрана во зависност од како е сетирана)
- дали шутот е "off the catch" или е "off the dribble" (не сум сигурен која е коректна македонска терминологија). Ако е "off the dribble" логично е да се очекува да имаат и техниката и продорноста ефект во резултатот.
- издржливоста
- формата
- залагањето
- ентузијазмот

А да не зборувам, за елементи од кошарката кои не верувам ни дека се вкалкулирани којзнае како бидејќи би биле прекомплицирани како поставување на блок, како е симулиран пик енд ролот и сл. Но можеби и се.

3.За да се искористат максимално вештините на еден играч, треба целиот состав да биде внимателно избран и погоден во склоп со тактиката која ја користиме. Со оглед дека многу често менуваме тактики, а не ни разбираме се точно како функционира, многу често се случува да се направи лоша комбинација од играчи кои резултираат во послаби резултати од оние кои на хартија би требало да се добијат. Од таа причина, многу често најуспешни се менџерите кои имаат играчи со комбинирани вештини кои можат да се прилагодат на секаква тактика. Односно, специјалисти во принцип треба да се избегнуваат.

Од таа причина јас на пример никогаш не би го купил Nguyen (без разлика што беше стварно евтин). Никогаш нема да се исплати за парите, бидејќи не е добро склопен и ќе биде надигруван често од играчи со помали плати. Јас лично не сакам и избегавам вакви специјалисти.

Last edited by Xsago at 6/25/2013 4:39:31 AM

From: Onisifor

This Post:
00
243326.44 in reply to 243326.42
Date: 6/25/2013 6:38:35 AM
Overall Posts Rated:
203203
По твојата логика дека со понатамошно тренирање на играчите тие ослабуваат Venomous Scorpions и неговиот овосезонски Б3 тим од преку 1,8 милиони неделна плата би бил тотален аутсајдер. Овие монструми во неговиот тим се едни од најдолго тренираните играчи во ББ.

From: Xsago

This Post:
00
243326.45 in reply to 243326.44
Date: 6/25/2013 7:47:05 AM
Overall Posts Rated:
128128
Хех, Venomous Scorpions пак со проверената тактика се вратил :)

From: Xsago

This Post:
00
243326.47 in reply to 243326.46
Date: 6/25/2013 7:50:35 AM
Overall Posts Rated:
128128
Секој Б3 шампион добива доживотна вајлд карта :) Би сакал и јас да сум меѓу нив еден ден :)

From: Dadimo

This Post:
00
243326.49 in reply to 243326.43
Date: 6/25/2013 11:09:08 AM
Overall Posts Rated:
5555
Како направи сега и ти дадимо како бобанс и јас да сме немале такви играчи.

Да, сте немале, ако збориме за играчи какви што ги опиша Бобанс со 18-19-20 ниво на вештина. Такви играчи кај нас претежно само јас сум имал досега и ретко некој друг од вас. А титулите секако не ви паѓале од небо но сте ги освојувале затоа што сте имале тим а не звезди.
За ова:

1. Не се оценува дали играчот игра во сооднос со вештините според еден натпревар. Со текот на времето, резултатите статистички се израмнуваат и имаат смисла. Еден натпревар не ми вреди ништо. Покажи дека цела сезона некој ваков играч против иста таква конкуренција имал катастрофален шут па ќе правиме муабет.

многу убаво си кажав тука:
Овој жалосен заклучок го имам донесено од голем број натпревари и различни играчи и сега за сега за жал стојам зад ова.

Ни на крај памет не ми паѓа да донесувам заклучок од еден натпревар или за еден играч, твое е дали ќе се согласиш со мене или не.
За останатиот твој напор да дадеш логично објаснување на нелогична статистика можам делумно да се согласам со тебе а делумно не. Понатамошна дискусија на таа тема би била бескорисна и непродуктивна но мило ми е што има менаџери како тебе и Бобанс кои се задоволни од настапите на своите звезди што значи има надеж и за мене да бидам и јас еден ден задоволен од тоа како ќе играат моите звезди.
Само ќе спомнам уште еднаш околу шутот за 3 и продорноста и техниката. Ако сакаме да биде играва како реалната кошарка тогаш 12-13 на техника и продорност се сосема доволни за успешен шут за 3 ако играчот има високи вештини на скок шут и надворешен шут. Сетете се само на тројките на нашата реална легенда Петар Наумовски кој често знаеше да погоди за 3 од немајкаде, буквално од неизградена позиција благорадение на одличниот скок шут и шут од далечина. Зарем на него му требаа 20-ки на техника и продорност за тие тројки или пак некој колега добар додавач.
Nguyen е купен само привремено бидеќи веќе 3 недели неможам да најдам бек по мој вкус а ако продолжам да чекам може да ми се искомлицираат плановите за мирен опстанок во елитата. Nguyen највеќе ги исполнуваше трите најважни критериуми кои ми беа битни: ефтин, релативно нормална плата и добар надворешен шутер со пристојно распоредени нивоа на останатите битни вештини. Ќе продолжам да ја набљудувам ТЛ и дај боже да најдам и подобар бек во блиска иднина. Штета што баш него го зеде како пример Гари па му ги видовте скиловите ама сепак е само привремено ангажиран.

Last edited by Dadimo at 6/25/2013 11:12:48 AM

From: Dadimo

This Post:
00
243326.50 in reply to 243326.44
Date: 6/25/2013 11:28:50 AM
Overall Posts Rated:
5555
По твојата логика дека со понатамошно тренирање на играчите тие ослабуваат Venomous Scorpions и неговиот овосезонски Б3 тим од преку 1,8 милиони неделна плата би бил тотален аутсајдер. Овие монструми во неговиот тим се едни од најдолго тренираните играчи во ББ.

Нема тука никаква логика кај мене, се работи само за заклучок кој ми се мота повеќе сезони наназад како резлутат на чести разочарувачки настапи на мои звезди несоодветни за нивните скилови. Ако бараме логика тогаш нејзе сигурно ја има во твојата теза дека со тренирање на играчите тие се подобруваат, е тоа е логика и така и треба да биде но дали е така се повеќе се прашувам...
И за да нема недоразбирање да напоменам дека нема логика играчите да слабеат со понатамошен тренинг, да речеме на повеќе од 15-16 и ова го кажав повеќе од бес и лутина поради чести нелогични статистики на некои играчи но и понатаму мислам дека некои вештини се премногу потценети во играва и нема многу корист од нивно тренирање.

Само да не заборавам, најпроблематчини вештина каде играчите највеќе потфрлуваат и се потценети од симулаторот на натпревари се: надворешен шут, блокади, додавање и скокови, па обично кога збориме за паметен тренинг најчесто се крати на овие вештини како помалку битни за да играчот има помала плата а да биде максимално корисен.

А анализирајќи ги твоите најдобри играчи како и тие на Xsago редно е да си признаете дека се согласувате со ова моево малку погоре бидеќи немам видено ваш играч со18-ки(или повеќе) на надворешен шут, додавање, блокади па и скокови...

Last edited by Dadimo at 6/25/2013 11:32:45 AM

From: Xsago

This Post:
00
243326.51 in reply to 243326.50
Date: 6/25/2013 12:21:25 PM
Overall Posts Rated:
128128
1. Дури и во моменталниот преоден состав кој го имам, имам играч со 18ка.
2. Ако се сеќаваш на Stacey Searles, кој неколку сезони додека освојував титули играше за мојот тим, тој имаше 21 на скок шут. Castris (ито поранешен играч) имаше 18ки и на скок шут и на надворешна одбрана. Арнаудовски ако не си заборавил, играше долго време кај мене. Милошевски имаше една 19ка и една 18ка. Имало и други, но некои од нив кратко играле за мојот тим. Да не должам, сум имал еден куп играчи со 18-20 на некои вештини.
3. Знам каде сакаш да се фатиш ти на надворешниот шут и на блокадите. Е на нив сум немал со 18+. Ама знаеш зошто сум немал? Затоа што не ми одговарале во склоп со останатиот дел од тимот. За да имам такви играчи, треба комплетно поинаку да го склопам тимот и да ја средам економијата. Со оглед дека форсирам македонци тоа не е возможно, бидејќи нема такви.
4. Играчи со 18+ на додавање и скокови сум имал.


Што се однесува за Nguyen за кој ти мислиш дека има доволно добри останати вештини јас не се согласувам. Минимум вештини за бек за прва лига се:
- 17+ на скок шут
- 12+ на шут од далечина
- 17+ на надворешна одбрана
- 14+ на техника
- 14+ на продорност
- 12+ на додавање
- добри внатрешни вештини се бонус

Се плус од ова зависи од тактиката за која се планирани да се користат.

А за доминацијата на LI тактиката, и порано сум кажал и пак ќе кажам, проблемот е што скоро сите играчи во ББ, се тренирани на ист или сличен принцип. Потребните вештини кои се потребни да ги имаат играчите во тимот за со поинаква тактика и во напад и во одбрана да се спротивставиш на ваков напад се многу многу ретки кај еден играч а не пак кај цел тим.

П.С. Мала вежба за сите. Најопшто кажано, од главните 10 вештини (значи без издржливост, слободни и искуство), еден квалитетен прволигашки бек треба да има збир 110. За центрите е малку посложено, но еве да речеме 90. Видете си и самите каде се наоѓаат вашите играчи.

Last edited by Xsago at 6/25/2013 12:25:52 PM

From: gorge

This Post:
00
243326.53 in reply to 243326.52
Date: 6/25/2013 7:41:45 PM
Overall Posts Rated:
1111
18+ скилови?
Моментално имам 6 (18+ скилови) и знам неколку прволигаши без бобан и хсаго кои имаат исто така.

Advertisement