BuzzerBeater Forums

Makedonija - I.1 > Сезона 24

Сезона 24

Set priority
Show messages by
From: Onisifor

This Post:
11
243326.24 in reply to 243326.23
Date: 6/23/2013 7:19:37 PM
Overall Posts Rated:
203203
Ама лигата многу ни е различна од пред неколку сезони. Не можеш да споредуваш ефект на играч како Мартиноски од денешен аспект. Тоа што се промени драстично во лигата е одбраната. Многу, многу подобра одбрана играат македонските елитни тимови во последните 2-3 сезони. Мартиноски би се изгубил против денешните надворешни одбрани во нашата лига. Тотално не би знаел каде е противничкиот кош.

Ако Ализоти го имаше пред неколку сезони во неговиот сегашен облик тој секако дека би бил и поефикасен отколку што беше Мартиноски. Логиката не е дека твојот играч кој напреднал е послаб, ами дека лигата исто така тренирала и напредувала. Ти би се подобрил само ако играчите би ги подобрил. Тренирањето ги подобрува играчите. Така што, ако не го тренираш нема да се подобриш. As simple as that. Секако, можеш и да го продадеш и доведеш замена која поефикасно ќе ги реализира твоите замисли.

За Капела не знам што да ти кажам. Прво, не загуби заради него. Ти ја одбра тактиката која е со најбавно темпо во ББ - бара комбинација на прилично високи нивоа на додавање и надворешни шутери (да, и двете се потребни истовремено). Гледајќи го твојот тим, а посебно резултатот со 19 изгубени топки и очаен (за прва лига) офанзивен тек, јас би рекол си ја утнал тактиката и тоа дебело. Не е проблемот Капела. Проблемот ти е составот. Не можеш да извлечеш ништо од неговите моментални скилови кога е окружен со тим кој вади очаен 4 офанзивен тек на домашен терен. Посебно не на Принстон тактика. Од друга страна, во брза тактика, која ги потенцира неговите внатрешно напаѓачки скилови, баш ОК си функционира. Додај малку повеќе офанзивен тек и ќе имаш подобар резултат дури и во брзите тактики.

Одговорот пак на прашањето што бара диносаурус трошач на пари како Капела во лига како Елита самиот си го знаеш.

Last edited by Onisifor at 6/23/2013 7:22:26 PM

From: Dadimo

This Post:
00
243326.25 in reply to 243326.24
Date: 6/23/2013 7:38:59 PM
Overall Posts Rated:
5555
За тактиката дека е дебело утната целосно се согласувам ама имај во предвид дека јас и не очекував ништо друго освен пораз на овој меч па кога веќе немав шанси сакав да одберам тактика која речиси воопшто не сум ја користел на официјални мечеви за да видам како ќе функционира. Последниот натпревар беше обичен експеримент и сега имам појасна слика како функционира ова непрекинато движење. Се согласувам и со тоа дека работите во голема мера се изменети во елитата, конкуренцијата е далеку поголема, противничката одбрана е поквалитетна па веројатно и неможеме да го споредувме ефектот на Ализоти и Мартиноски остварен во сосема различно време и услови но сепак сум на мислење дека играчите не играат во согласност со своите скилови...

From: Dadimo

This Post:
00
243326.26 in reply to 243326.25
Date: 6/23/2013 7:43:39 PM
Overall Posts Rated:
5555
Само да додадам дека како плеј играше 20-годишно дете од кое и неможе да се очекува подобарв офанзивен тек, а е потврда дека јас однапред се предадов во овој меч. Реално немав никакви шанси па уште и формата беше во голема мера нас страната на пдобриот, само ми е криво што ја пробав оваа тактиката при прилично несоодветна постава.

From: Onisifor

This Post:
00
243326.27 in reply to 243326.25
Date: 6/23/2013 7:51:25 PM
Overall Posts Rated:
203203
Тешко му беше на Alizoti да игра против Stojku со неговите одбрамбени капацитети и одличната форма. Ако тој играше на позиција К, поткрепен со соодветни играчи на П и Б, тогаш Vlora ќе си ја имаше маката. И Capela во тоа сценарио ќе беше доста поефикасен, но повторно ограничено заради слабата форма. Да, за жал, ти овој натпревар секако ќе го загубеше што и да играше.

From: Dadimo

This Post:
00
243326.28 in reply to 243326.27
Date: 6/23/2013 8:15:33 PM
Overall Posts Rated:
5555
Да, за жал, ти овој натпревар секако ќе го загубеше што и да играше.

Само што поразот беше преубедлив како резултат на погрешниот експеримент во погрешно време.
Имав тежок распоред во првите 3 кола играјќи против трите најдобри екипи според мене во западот моментално и сето тоа во период кога на тимот очајно му треба квалитетен бек кој никако неможам да го најдам на ТЛ, проблем се и децата кои треба да се тренираат, проблем е и Капела со своите години така што ме чека уште многу работа оваа сезона ако сакам мирен опстанок.

From: Xsago

This Post:
00
243326.30 in reply to 243326.29
Date: 6/24/2013 6:40:23 AM
Overall Posts Rated:
128128
Јас мислам дека малку проблемот е во тоа што се гледа ефектот утакмица по утакмица. За да има статистичка смисла играта, треба на ниво на цела сезона да е сразмерен со неговиот скилови. Во една утакмица може едноставно да не му тргне...

From: Onisifor

This Post:
00
243326.31 in reply to 243326.29
Date: 6/24/2013 10:19:55 AM
Overall Posts Rated:
203203
Прашање е и колку е веродостојна информацијата дека играчот бил 19/18, како што е и прашање дали стварно тој 3-4 к плата играч го чувал или имал друг на него (одбрамбените поставки не ги дава во статистиката), како што е и прашање дали шутовите биле при крај на времето за напад, како што е и прашањето дали шутот бил по додавање од играч со ниво на додавање 1. Секако, од еден натпревар не можеш да извлечеш многу конечни судови.

From: Xsago

This Post:
00
243326.33 in reply to 243326.32
Date: 6/24/2013 1:12:25 PM
Overall Posts Rated:
128128
Вештината скок шут не се користи за создавање на позиција за шут. Ефектот се согласувам дека било за очекување да биде подобар, но очигледни се и неколку други фактори: слабо додавање на соиграчите, слаба продорност и техника (кои имаат влијание врз шутот кој си го создава), слаб внатрешен шут и слаба форма...

Advertisement