Поддршка до Xsago и од мене. По толку сезони минати на играва и по толку сезони соработка како скаут во сениорската и јуниорската репрезентација, можам без сомневање да потврдам дека се работи за менаџер кој ги знае скоро сите играчи од поширокиот список на македонската А репрезентација, нив ги познава во детали, а е директно запознаен и со нивниот напредок низ сезоните. И секако, станува збор за еден од најдобрите познавачи на game engine-от на BuzzerBeater преку функционирање на сите напаѓачки и одбрамбени тактики. Да не заборавиме, Xsago е еден од најактивните менаџери на форумот што е една од најбитните карактеристики што треба да ја поседува еден селектор. На крај, тој е еден од двајцата кандидати кои се помачија да напишат говор (а ги има вкупно 6 кандидати). Искрено, кандидат кој нема говор за мене е исто како да не е кандидат.