КОМЕНТАР: Ослободување од данок на луксуз поради тренинг ја претставува разликата помеѓу сегашните вкупни плати и комбинираните вкупни плати на сите играчи кога биле купени.
Во болдираното и подвлеченото се крие одговорот. Значи
Ослободување од данок на луксуз поради тренинг е некаква разлика, од
сегашните вкупни плати а тоа се платите што ги имаат во моментот и
комбинираните вкупни плати на сите играчи кога биле купени а тоа се платите што ги имале кога си ги купил или добил(преку драфт или кога си го добил тимпот).
Со други зборови ова
Ослободување од данок на луксуз поради тренинг е всушност збир на зголемување на платите што ги имаат сите твои играчи како резултат на тренинг што го добиле во твојот тим. Во превод колку повеќе ги тренираш твоите играчи(играчи од драфт или купени играчи) толку ова ослободување е поголемо и ќе имаш повеќе простор да се луксузираш( поголеми трошоци од приходи). Целта на ова е да се стимулираат менаџерите самите да си тренираат играчи и да се спречи(отежне) правење на тимови преку ноќ (ќе штедат 5-10 сезони, ќе соберат многу пари со кои ќе купат дрим тим кој вреди многу повеќе од колку што можат да си дозволат ама имаат пари и ги боли уво ама затоа ќе плаќаат и данок на луксуз).
Last edited by Dadimo at 7/15/2014 6:27:59 AM