Поздрав ББ- Пријатели!
Оваа сезона ќе организирам пријателски куп под име “Трофеј Македонија”. Право на учевство во купот ќе има секој ББ менаџер кој ќе ми гарнтира дека навремено ќе ги закажува пријателските натпревари бидејќи во спротивно веднаш после првата грешка ке биде исфрлен од купот. Но, бидејќи термините за закажување на пријателски до крајот на сезоната се многу малку во купот ќе учевствуваат првите 16 пријавени(ако има толку, ако не 8). Зошто 16? Затоа што системот на игра ќе биде таков што ќе има 4 групи по 4 екипи кои според својот пласман потоа ќе разигруваат за 1-4, 5-8, 9-12 и 13-16 место соодветно. Доколку имате некое прашање во врска со системот на игра или со нешто друго поврзано со “Трофеј Македонија” слободно прашајте. Пријавувањето се врши тука на форумот или со пп(приватна порака) до мене. Пријавувањето може да започне.
До сите што сакаат да учевствуваат: ВЕ МОЛАМ СТРПЕТЕ СЕ ОД ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРИЈАТЕЛСКА ЗА ОВАА НЕДЕЛА!
*Доколку интересот е мал купот нема да се одржи.
Last edited by ... at 9/23/2011 4:07:41 PM